Посета на вработени кои се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните Печати
   Додека најголемиот број од граѓаните во пријатна и весела атмосфера ја испраќаа 2018 и го прославуваа дочекот на Новата 2019 година, десеттина службени лица се наоѓаа на своите работни места и поради нивната специфичност ги извршуваа своите редовни работни обврски. Станува збор за лица кои во текот на новогодишната ноќ се грижеа за здравјето и безбедноста на населението. На неколку часа пред полноќ нив ги посети градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој им посака да имаат што помалку работа притоа честитајќи им ги претстојните празници. Во знак на внимание градоначалникот Делков на 9 припадници на Полициската станица Неготино, 2 пожарникари и 6 вработени во Итната помош при Здравствениот дом во нашиот град им врачи пригодни подароци. Дежурните работници се заблагодарија и на Делков му посакаа среќни Новогодишни и Божикни празници.