Се расчистува снегот од улиците во градот и дел од населените места Печати

   Веднаш по започнувањето на обилните врнежи од снег, надлежните општински служби излегоа на терен и се ангажираа на расчистувањето на снегот. Најпрво на терен излегоа работници на Комуналец кои беа ангажирани за отстранување на снегот од главните улици, тротоарите и правење патеки за движење на пешаците во централното градско подрачје. Ним им се приклучија со соодветна механизација и работна рака вработени во фирмата Коп инжинеринг ангажирана од општина Неготино за зимско одржување на улиците и локалните патишта. По завршувањето на работите на примарната улична мрежа, ќе се пристапи кон чистење и на споредните улици, а се чисти снегот и од патиштата кои водат до населените места. Од локалната самоуправа до возачите и пешаците апелираат на внимателно движење, а сопствениците на деловни објекти и домаќинствата ги потсетуваат на обврската за чистење на просторот пред дуќаните и семејните домови. Ангажираната механизација и понатаму останува присутна на терен и работи на расчистување на снегот од најфреквентните улици и патишта во општина Неготино.