Набавена опрема за дечињата од групи во други просторни услови Печати

   Групите во други просторни услови во населените места Криволак, Пепелиште и Тремник во кои досега престојуваа дечиња во хетерогени групи на возраст од 3-5 години, а делуваат во склоп на Детската градинка „Фемо Кулаков“ и работат согласно Програмата за рано учење и развојдобија нова опрема која наскоро ќе биде монтирана и ставена во функција. Станува збор за набавка  на клима уреди, мијалници, бојлери, шпорети и фрижидери, работни маси, висечки шкафови и прибор за храна  и дистрибуција на истата , во секоја  група поединечно, а обезбедени се со средства од општина Неготино во вредност од 698.705 денари.„ Со новата опрема ќе се создадат  услови за обезбедување поквалитетни услови за  целодневен престој на околу 70 дечиња кои престојуваат во овие три „Групи во други просторни услови„ -изјави директорката на градинката Јана Коцева. Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ истакна дека покрај набавената опрема, следуваат и градежни работи за адаптација на просторот во постоечките објекти и создавање уште подобри услови за престој на дечињата.