ТРЕТО МЕСТО ЗА ГФК,, НЕГОТИНО ,, НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР Печати

   Одличен успех на младите фудбалери на Градскиот фудбалски клуб ,, Неготино ,, на меѓународниот турнир во фудбал што во периодот од 22 до 25 овој месец се одржа на спортските терени ,, Истатов ,, во Струмица. Благодарение на одличните игри кои ги прикажаа во текот на целиот турнир, на крајот неготинските фудбалери сосема заслужено го освоија третото место во исклучително силна конкуренција. Вклучувајќи го и натпреварот за третото место, фудбалерите на ГФК ,, Неготино ,, забележаа три победи, а за тренерот Зоран Недев посебно значајна е победата над екипата на ЦСКА од Софија. Фудбалерите и тренерот беа примени и од градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој се задржа во краток разговор со нив интересирајќи се за случувањата на самиот турнир, им честита на освоеното одлично трето место и истакна дека како и досега, и во иднина во зависност од расположивите средства, општината ќе ги помага спортот и спортистите од општина Неготино.