ФАКЕЛОТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО ВО НЕГОТИНО Печати
  Трката  која се трча штафетно и со запален факел кој промовира интернационално пријателство и толеранција престојуваше и во општина Неготино. Во ,, Трката за светска хармонија ,, се вклучени неколку интернационални тимови кои трчаат во повеќе од 100 земји во светот, а во улога на соорганизатори на истата се јавија Сојузот на спортови на Македонија, Атлетската федерација,невладини организации, како и локалните самоуправи каде што минува факелот на толеранција. Република Македонија и оваа година е дел од Европската маршрута при што беа претрчани околу 500 километри и посетени 15 општини, меѓу кои и општина Неготино.
  Самата штафетна трка нема натпреварувачки карактер и е составена од интернационални маратонци кои трчаат низ Европа и еден тим кој ги придружува во Македонија, а согласно барањето на организаторите при доаѓањето и испраќањето на факелот во и од Неготино при неговото штафетно пренесување  се вклучија деца, младинци, спортисти и други заинтересирани лица од нашата општина. Со тоа се оствари основната цел на ,, Трката за светска хармонија ,, на секој граѓанин да му се даде шанса да учествува во напорите за светска хармонија и преку трчање да може само малку да го држи факелот на пријателство.
   Во име на локалната самоуправа факелот го прими претставникот на општина Неготино Зоран Лазов, по што следеа пригодни обраќања од негова и од страна на претставник на интернационалниот тим, а за учесниците во маратонот членовите на Студиото за модерен балет ,, Ла пиовра ,, приредија кратка забавна програма. Потоа, младинците од нашиот град трчаа до излезот од Неготино каде што интернационалниот тим го презеде факелот и продолжи со реализација на однапред зацртаната маршрута.