РАБОТНА СРЕДБА НА ТЕМА ,, ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ ,, Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Во организација на АгБиз програмата на УСАИД и Проектот за конкурентност на УСАИД, во соработка со општина Неготино, а во присуство на заинтересирани претставници на дел од бизнис – секторот од ова подрачје, во Неготино се одржа работилница на тема ,, Финансиски инструменти за поддршка на извозот ,,.
          Според зборовите на организаторите, работната средба на тема ,, Финансиски инструменти за поддршка на извозот ,, имаше основна цел да се направи обид да им се помогне на компаниите од подрачјето на неготинска општина, се разбира и пошироко, во пристапувањето до потребните финансиски средства, како и за нивна едукација за различните типови на финансиски производи  кои се на располагање на пазарот на финансии, а кои пред се, се наменети за поддршка на извозот.
          Меѓу другото, присутните претставници на неготинскиот бизнис-сектор беа запознати со следниве инструменти и институции – кредитни линии наменети за примарното земјоделско производство, финансирање на нарачка за познат купувач и извозна зделка, трговско кредитно осигурување, осигурителна полиса на МБПР како колатерал за обртни средства и со финансискиот инструмент – форфетирање.
          Организаторите на настанот на заинтересираните бизнисмени им овозможија и индивидуални средби со присутните претставници на финансиските институции со кои тие имаа можност и директно да поразговараат за опциите за финансирање.