ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ПОЛСКА Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Во рамките на реализацијата на активностите од проектот ,, Мрежа за култура, спорт и туризам ,, од програмата ,, Европа за граѓаните 2007 – 2013 г ,, делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Пане Трајков престојуваше во градот Трезебница – Република Полска каде што, меѓу другото, зеде активно учество во работата на Форумот на тема ,, Наша култура, наша историја и културно наследство и нивната улога во економскиот и туристичкиот развој на регионите ,, .

     За таа цел, учесниците во проектот од Полска, Романија, Македонија и Бугарија имаа сопствени презентации, можност што раководителот на Одделението за локален економски развој на Неготино м-р Лолита Ристова ја искористи да ги запознае присутните со најважните обележја карактеристични за нашата општина, како и со можностите и предностите кои истата ги нуди во развојот на винскиот туризам, а дел од излагањето го посвети и на останатите капацитети со кои располага општината во делот на стопанството и културата. На саемот и турнир Цистериан и Витезите кои се одржаа на отворен простор и беа масовно посетени, свое обраќање имаше и првиот човек на општина Неготино – градоначалникот Пане Трајков. Форумот беше одлична можност за размена на искуства и запознавање на останатите култури и традиции на учесниците од другите земји, но и потенцијал за воспоставување на натамошни силни врски и остварување на потесна соработка во правец на Европските вредности. Учесниците на Форумот престојот во Полска го искористија и за посета и директно запознавање со културните и туристичките капацитети на градот домаќин повијат Трезебница.