Прием за младиот и талентиран каратист Алек Ѓорѓиев Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во својот кабинет го прими и се задржа во краток разговор со младиот и надежен неготински каратист Алек Ѓорѓиев кој на последниот меѓународен натпревар во традиционално карате во Грција освои златен и сребрен медал во исклучително силна конуренција. Имено, во категоријата „борби“ младиот Ѓорѓиев освои златен, а во категоријата „кати“ сребрен медал. Каратистот Алек беше во придружба на својот родител Ристе и тренерот на карате клубот „Антигона 2“ од Неготино Ристо Сакалиев кои ја искористија можноста да го информираат градоначалникот Делков за условите во кои работи клубот кој постои од 1993 година и во кој членуваат 10-тина каратисти, за остварените резултати на натпреварувањата на кои учествувале, како и плановите за иднина со посебен акцент на учеството на престојното Европско првенство во традиционално карате што ќе се одржи во Белград. Градоначалникот Делков истакна дека во рамките на расположливите финансиски можности на општина Неготино ќе биде помогнато учеството на клубот на ова еминентно натпреварување, но и други настапи на неготинските каратисти. Делков потенцираше дека за наредната година се планира поголема ставка во Буџетот на ОН за финансирање на спортот и спортските активности, а ќе биде донесен и правилник за наградување на спортистите од општината кои ќе освојуваат први, втори и трети места на државни и меѓународни натпреварувања.