Проект од програмата Европа за граѓаните 2007-2013г. Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Мерка збратимени градови

Во рамките на спроведување на програмата Европа за граѓаните, општина Неготино аплицираше, доби и стана носител на проект,, Креирање на мрежа на Европско вино, традиција, култура и експертиза” чија главна цел е остварување на соработка на различни нивоа преку заеднички активности со партнерите и за меѓународна соработка преку воспоставување на мрежа на тим на експерти од винарии, на домашни производители на вино и менаџери од винарии со угостителски објекти, а со цел да се промовираат и шират знаењата и да се поврзат повеќе луѓе од овој сектор.
Покрај општина Неготино која ја има улогата на лидерска организација, во проектот како партнери се вклучени и општините Черномелј-Словенија, Минервино Ди Лече-Италија и Попово-Бугарија.
Првиот од планираните настани во рамките на овој проект се одржа во општина Черномелј-Словенија од 14 до 18 Април, 2011г. Во рамките на планираниот настан се одржаа следниве активности:
Едукативнa средбa: ,, Стандардите на ЕУ во производството на вино, како да се произведе подобар квалитет на вино " , средбата беше збогатена со презентации од сите земји учеснички со фокусирање на тоа кои се клучните фактори и како да се подобри квалитетот на вино; презентација на процесот на производство во фабриката за производство на вински лози, како предуслов за производство на квалитетно вино ; Винскиот туризам и едукација прилагодена на локалните потреби за развој на винскиот туризам  како и краток осврт на историјатот на производство на вино.

Натпревар-дегустација :,, Најдобро вино од учесниците "
Во рамките на натпреварот ,, Најдобро вино од учесниците " учество земаа претставници од сите земји учеснички во проектот. Оценување на примероците на вино беше извршена од Комисија составена од 7 члена, во состав од членови на сите учесници во проектот. Во конкуренција од 26 примероци на бели и црвени вина, комисијата додели 3 награди за бели и 3 награди за црвени вина од кои:

Во категоријата на црвено вино:
3 место е доделенo за виното Merlo Barrique на винаријата Дудин, општина Неготино.
2 место е доделено за вино Виното Merlo Barrique од винарија Попово -Бугарија.
1 место  е  доделено за виното Merlo Barrique од винарската визба,, Две могили,,-Бугарија.

Во категоријата на бело вино:
3 место беше доделено  за Шардоне од винаријата Дисан Хилс-Неготино
2 место беше доделено  за Мускат од винарската визба од Попово и
1 место беше доделено  за Шардоне од винаријата ,, Дудин”-Неготино
Сите останати учесници беа удостоени со Благодарници за своето учество и придонес за активноста ,, Најдобро вино од учесниците”.

,,Мал саем на вино” изложбено претставување на вина од сите учесници беше организиран како последна активност во рамките на настанот во општина Чрномелј.
Во рамките на оваа активност исто така беа предвидени награди за најдобро уреден штанд на вино. Првото место беше доделено на општина Минервино Ди Лече-Италија, второто место припадна на општината Чрномелј-Словенија и третото место го понесе општина Неготино-Р.Македонија.