Увид во тековни активности на 2 улици во Неготино Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, стручни лица од општинската администрација и директорката на локалното комунално претпријатие Марина Бојаџиева денеска извршија увид во уште едни активности кои тековно се одвиваат во овој период. Имено, беа посетени и на лице место се следеа градежните работи на улиците „Браќа Миладинови“ и „8-ми Ноември“ на кои се вршат работи за поставување на атмосферска канализација. Посетата беше искористена да се поразговара со жителите кои што живеат на споменатите улици, како тие би биле најизворно информирани за тековните активности околу изградбата на канализацијата која е веќе во финална фаза.