Увид во работите за тампонирање на локалниот пат Пепелиште-Криволак Печати

   Заедно со стручните лица од општинската администрација,градоначалникот на општина Неготино Тони Делков  денеска изврши увид во работите кои се однесуваат на санирањето, односно тампонирањето на локалниот пат Пепелиште-Криволак кој во овој период е доста експлоатиран поради привременото затворање на сообраќајот по Пепелишкиот мост на кој веќе извесен период се изведуваат градежни работи. Според зборовите на градоначалникот Делков, проектот за тампонирање на 3,5 километри од патот Пепелиште-Криволак се  спроведува во координација и соработка со Јавното претпријатие за државни патишта со поставување на гребен асфалт и со обезбедена механизација од страна на општина Неготино. Работите се одвиваат во континуитет и во зависност од количините гребен асфалт кои се на располагање, а ќе траат се до целосното тампонирање на овој патен правец. Целта е да се обезбедат соодветни услови за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците