Се чистат уличните канали за атмосферски води во Тремник Печати

   Општина Неготино во моментов спроведува активност за чистење на улични канали за одводнување на атмосферски води во населено место Тремник. Со овие активности предвидено е да се опфатат каналите од сите улици во ова населено место со вкупна должина од 2500 метри, а со самото тоа да се елиминираат можностите од излевање на водите при евентуални обилни врнежи од дожд и нанасување штети на месното население и нивниот имот.