ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ФИСКУЛТУРНА САЛА Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Близу 1.000 ученици и нивните професори по физичко образование од СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино на располагање добија нова, модерна и најсовремена фискултурна сала која обезбедува идеални услови за одржување на часовите по физичко и за тренинг и на најдобрите спортисти. На пригодната свеченост што по тој повод се одржа, чинот на предавање на салата во употреба го извршија заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, државниот секретар во Министерството за образование Елизабета Тодорова и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Вицепремиерот Ставрески информираше дека досега вкупно 42 сали се отпочнати со градба, 10 се веќе завршени, а предвидено е до 2013 година сите 145 сали да бидат пуштени во употреба. Инаку, досега во општина Неготино се вложени 64 милиони денари за изградба на спортски сали, од кои 40 за салата во средното училиште и 24 милиони денари за училишната сала во основното училиште Страшо Пинџур.