Под мотото „Движи се со нас“ одбележана „Европската недела на мобилност“ Печати

  Со возење велосипеди и други алтернативни средства, под мотото „Движи се со нас“, Неготино денеска беше еден од 2.500 градови во Европа во кои се одбележа „Европската недела на мобилност“. Овој настан во нашата општина се одржува 5-та година по ред, национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање, а партнери во активноста се Европската делегација во нашата држава и ЕУ инфоцентарот во Скопје. Во оваа активност учество зедоа носители на јавни функции, ученици од основните и средното училиште, јавната администрација, Советот на млади, Здруженија на граѓани и други заинтересирани лица кои со своето учество дадоа сопствен придонес во успешното спроведување на настанот. Стартот на сите учесници беше на ул„Маршал Тито“ кај Музејот на град Неготино, на семафорите се продолжи по ул„Партизанска“, кај спомен-костурницата се продолжи по ул„Баба Ана Ташева“, враќањето беше по ул„Маршал Тито“, по што сите учесници пристигнаа на градскиот плоштад каде што и заврши маршрутата. Целта на одржувањето на настанот е подигнување на степенот на мобилност и информирање на населението за предностите и придобивките од возењето на велосипеди и користењето на други алтернативни превозни средства.