ДОДЕЛЕНИ 10 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на 10-мина граѓани од општината им додели решенија со кои им се легализираат веќе постоечки и изградени објекти. Како што изјави градоначалникот Трајков, со донесувањето на Законот за третман на бесправно изградени објекти решен е еден децениски проблем и на граѓаните им е овозможено под исклучително поволни услови да ги легализираат своите објекти. Инаку, до надлежната општинска комисија досега се доставени околу 70 барања за легализација на објекти и тоа во најголем дел доградби и надградби на станбени објекти, гаражи, објекти за домување, како и неколку барања за легализација на стопански објекти. Инаку, бројките говорат дека во општина Неготино се поднесени најмалку барања за легализација на дивоградби што според зборовите на надлежните се должи на фактот што Неготино е еден од најдобро урбанизираните градови во Македонија со исклучителни мал број на регистрирани дивоизградени објекти. Со издавањето на решенија за легализација ќе се продолжи и во наредниот период.