Во Неготино се одржа традиционалниот турнир во Голбал Печати
   Како и секоја, така и оваа година, градоначалникот на опшина Неготино Тони Делков и локалната самоуправа во соработка со Здружението на слепи лица од Неготино, а по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември, го организираа традиционалниот турнир во игрите на Голбал кој се одржа во спортската сала на СОУ„Св.Кирил и Методиј“. Учество на турнирот зедоа 3 екипи од Здруженијата на слепи лица од Струмица, Кавадарци и Неготино, а на сите учесници организаторот им додели дипломи. Претставник на Здружението на слепи лица од Неготино ја искористи можноста да упати благодарност до градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за поддршката при организацијата и одржувањето на турнирот со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина, од причина што покрај натпреварувачкиот карактер, овој турнир е можност за соработка и другарување меѓу членовите на Здруженијата на слепи лица од повеќе градови.