Поголема вклученост на жените во креирањето на локалните планови и програми Print
There are no translations available.

    Општина Неготино во рамките на Проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост,функционалните механизми и динамичното граѓанско општество”кој се спроведува со Организацијата на жени на општина Свети Николе и Фондацијата “Жена за жена” од Шведска организираше настан за вклучување на жените во креирањето на локалните планови и програми, како и согледување на нивните потреби и проблеми со кои секојдневно се соочуваат.Овој настан опфаќаше состанок со фокус група од 10 жени од локалната заедница кој го водеше модератор со искуство во ваков тип на активност и Информативна сесија на која зедоа учество Центар за вработување Неготино со презентација на активните мерки за вработување, како и центар за социјална работа Неготино со презентација на правата од социјална помош.
На овој настан жените од фокус групата беа директно запознати со Програмата за социјална заштита на општина Неготино и беа вклучени вклучени во детектирање на состојбите во кои се наоѓаат како и согледување на проблеми и предизвици со кои се соочуваат во делот на социјална заштита.