Се изврши реконструкција на дел од ул„8 Ноември“ во должина од 400 метри Печати

  Согласно годишната Програма за работа на локалната самоуправа и со средства од Буџетот на општина Неготино од околу 3.000.000 денари се изврши реконструкција на најоштетните делови од улицата „8 Ноември“ во нашиот град. Градежните работи се одвиваа во две фази и тоа гребење и отстранување на стариот асфалт и поставување нов асфалтен слој на оваа улица во должина од 400 метри со опфаќање на површина од 2.000 метри квадратни.