Заврши реконструкцијата на дел од улиците „ЈНА“,„Енгелсова“ и „Киро Крстев“ Печати

  Општина Неготино со средства од општинскиот Буџет во висина од околу 2.500.000 денари изврши реконструкција на делови на 3 улици во градот, согласно годишната програма за работа на локалната самоуправа. Така, со отстранување на оштетениот асфалт и поставување нов асфалтен слој  во должина од 120 метри и површина од 600 метри квадратни беше реконструиран дел од улицата „ЈНА“ за што беа реализирани средства во висина од 1.000.000 денари. На дел од ул„Енгелсова“ со 600.000 денари беа реконструирани 100 метри или површина од 600 метри квадратни, а нов асфалтен слој е поставен и извршено е крпење на ровови на дел од улицата „Киро Крстев“ во должина од 200 метри и вредност на проектот од 800.000 денари.