Градоначалникот Делков додели новогодишни пакетчиња за штитениците од „Порака“ Print
There are no translations available.

   Во пријатна, ведра и претпразнична атмосфера и во весело расположение денеска во пресрет на дочекот на Новата 2020-та година градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари посета и другаруваше со штитениците кои престојуваат во Дневниот центар за лица со хендикеп „Порака“ од Неготино. Посетата, градоначалникот Делков  ја искористи на околу 55 штитеници од кои 43 престојуваат во малите групни домови и над 10 кои живеат во своите домови да им подари новогодишни пакетчиња и да им посака и во наредната година да се гледаат, почитуваат и да си помагаат како што тоа беше пракса и во годината која полека изминува, а воедно им ги честиташе Новогодишните и Божикните празници. Штитениците и лицата кои се ангажирани да се грижат за нив се заблагодарија на подароците и изведоа кратка забавно-музичка програма.