Градоначалникот Делков во посета на службите кои дежураа за Новата година Print
There are no translations available.

   На неколку часови пред поклопувањето на стрелките на часовникот и преминот од 2019 во 2020 година, градоначалникот на општина Неготино оствари работна посета на службите кои за време на „најлудата ноќ во годината“ се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните на општината. Градоначалникот ја посети Полициската станица Неготино, зградата на локалната самоуправа и Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Неготино, оствари средби со лицата кои се наоѓаа на своите работни места додека останатите граѓани прославуваа, им ги честиташе претстојните Новогодишни и Божиќни празници и во знак на внимание на 19 вработени кои дежураа им додели пригодни подароци.