Празнични активности во ООУ„Гоце Делчев“ во Неготино Print
There are no translations available.

   По повод Новата година и Божиќните празници во ООУ„Гоце Делчев“ беа организирани низа активности. На најмалите ученици од 1 до 5 одделение директорот на училиштето, Петар Мантев им додели новогодишни пакетчиња посакувајќи им најубави желби во Новата година. Дел од средствата за новогодишните пакетчиња беа собрани преку хуманитарна акција на ученичката заедница на Црвен крст, организацијата “Ротаракт“ - Неготино и други. Учениците од одделенска настава заедно со своите наставници го организираа традиционалниот Новогодишен базар во централното и подрачните училишта, преку кој покажувајќи ја својата креативност, ја збогатија празничната атмосфера.Во подрачните училишта во с. Тремник и с. Долни Дисан, исто така, се одржаа и Новогодишни претстави во кои заеднички уживаа и учениците и родителите, а пак нашите музички таленти им ги разубавија празниците на корисниците од Дом за стари лица. За учениците од 6 - 9 одделение беше организирана најубавата предновогодишна забава до сега со огномет и добра музика, а со своја изведба не почести и училишниот бенд. Од училиштето им се заблагодаруваат на сите кои се вклучија во реализацијата на активностите, но и на сите кои со своето присуство придонесоа кон збогатување на доживувањата.