Во општина Неготино се поставуваат нови 1.410 лед штедливи светилки Печати

   Веднаш по потпишувањето на договорот со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, избраниот најповолен понудувач, фирмата Електрика ДООЕЛ-Кочани, започна со изведување на работите на терен преку замена на старите со нови ЛЕД технологија светилки за улично освтелување. Предвидено е на територијата на цела општина, во градот и населените места, да се постават 1.410 нови лед штедливи светилки од кои 836 во Неготино и 574 во населените места, а според утврдената динамика се очекува работите комплетно да бидат завршени до крајот на месец март, оваа година. Поставувањето на новото улично осветлување започна долж улицата „Маршал Тито“ и продолжува и по останатите улици во градот и населените места.