Рекордни 80 мостри за избор на најдобри вина и ракии од индивудуални производители Печати

   Одбележувањето на „Неделата на виното-Св.Трифун 2020г.“ традиционално како и секоја, така и оваа година, започна со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и секретарот Ивица Златковиќ не го криеја задоволство од рекордните, во последните 15 години, 80 пристигнати мостри од вина и ракии произведени во домашни услови, од кои 15 мостри во категоријата бели вина, 34 црвени вина и 31 мостри ракија. Поради големиот број на пристигнати мостри оценувањето на истите го вршат 2 формирани комисии, една за вина и една за ракии, составени од 8 енолози чиј претседател е Игне Тасев. Стручните лица-енолози се едногласни дека од година во година значително се подбрува квалитетот на пристигнатите мостри вина и ракии, што пак значи дека е подобрен и начинот на производство на истите. Придонес имаат и самите енолози кои по завршувањето на дегустацијата секоја година одржуваат советодавен настан со производителите и им ги пренесуваат забелешките и сугестиите, кои потоа тие ги применуваат при производството на истите. Таков настан ќе се одржи и утре ( четврток 13.02 ) со почеток од 15,30 часот во салата на општина Неготино на кој можат да присуствуваат сите заинтересирани производители