30 РОМИ СО СВИДЕТЕЛСТВА ЗА ЗАВРШЕНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Под мотото ,, Образование за секого, шанса за сите ,, во изминатите 5 месеци во неготинското село Криволак во кое доминира населението од ромска националност се спроведе проект за дооформување на образованието на кандидати кои пројавија интерес за тоа. Наставата ја спроведе стручен кадар од Работничкиот универзитет, а иницијативата потекна и проектот беше реализиран  со поддршка на Македонскиот црвен крст.
    Потребните финансиски средства за спроведување на проектот ги обезбеди Германскиот Црвен Крст од покраината Баден- Витенберг- хуманитарна организација која близу 30 години ги помага активностите на Македонскиот црвен крст.
По завршувањето на петмесечната настава, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на 30 кандидати над 16-годишна возраст од ромска националност им  врачи  свидетелства за завршено основно образование.