Се одржа централната манифестација по повод празникот „Св.Трифун“ Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

   Со прием на делегации од земјава и странство во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков започнаа денешните активности по повод одбележувањето на „Св.Трифун“-заштитникот на лозарите и винарите. Централниот настан во присуство на голем број посетители меѓу кои и претседателот на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и други гости се одржа на градскиот плоштад и започна со пригодно обраќање на градоначалникот Делков кој на сите граѓани им го честиташе денешниот празник со желби за добро здравје и среќа, на лозарите им посака да имаат богат и квалитетен род, а на винариите производство на квалитетни вина и ракии кои ќе најдат соодветно место на пазарите во земјава и надвор од неа. Со ваквите активности, потенцираше градоначалникот Делков, општина Неготино прави напори за зачувување на традицијата и врши промоција која е важен сегмент за развој на туризмот како една од стратешките цели на локалната самоуправа. На централниот настан беа врачени  наградите и признанијата за најдобрите индивидуални производители на бели и црвени вина и ракии кои учествуваа на натпреварот, а програмата продолжи со забавно-музичка програма и настап на естрадните уметници Елена Велевска и Миле Кузмановски и културно-уметнички друштва и ансамбли од градот и земјава.