Донација од компанијата „ КАМ “ ДОО Скопје за ранливите категории на граѓани од општина Неготино Печати

  Шеесет пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена во вредност од 60.000 денари, компанијата „ КАМ “ ДОО Скопје денес донираше во општина Неготино кои ќе бидат наменети за социјално ранливите категории на граѓани од општина Неготино. Овие пакети ќе бидат распределени до 60 социјално загрозени и самохрани родители од општина Неготино во следниот период, во време кога целиот свет е погоден од пандемијата со Ковид 19. Градоначалник Тони Делков упатува голема благодарност до оваа компанија која го потврдува примерот дека во државата постојат општествено одговорни компании.