Честит празник Успение на Пресвета Богородица Печати
Градоначалникот Тони Делков и Општина Неготино на сите припадници од православна вероисповед им го честита денешниот празник 28 Август – Успение на Пресвета Богородица со желби за многу здравје, среќа, успех и мир.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.