Увид при работа на терен - изградба на нова детска градинка Печати

Градежните активности овде се одвиваат со предвидената динамика, каде се очекува да се заврши со работа до крајот на годината, односно месец Декември. Потоа ќе следи внатрешно, партерно уредување и изградба на мал парк во склоп на детската градинка. Овој нов објект ќе има вкупно 9 занимални со капацитет за 168 дечиња.