Во неготинскиот Музеј одржани Европските денови на културно наследство Печати
   Во периодот од 01 до 07 октомври се одржаа Европските денови на културно наследство 2020, European days of cultural heritage 2020, кои секоја година се одржуваат во месец септември. но оваа година заради пандемијата со КОВИД-19 се одржаа во месец октомври. Целите на европските денови на културното наследство се:- информирање на јавноста за потребата од заштита на културното наследство за подигнување на свеста на европските граѓани за богатсвото и културната разновидност на Европа, создавање клима погодна за почитување на богатиот мозаик на европските култури, спротивставување на расизмот и ксенофобијата и поттикнување поголема толеранција во Европа и пошироко.
Општинската установа Музеј на град Неготино секоја година учествува во одбележувањето на европските денови на културно наследство, па така и оваа година учествува со отварање на меѓународна ликовна изложба на ликовната уметница од Сараево, БиХ, Александра Кокотовиќ. Кокотовиќ пред неготинската публика се претставува со графички цртежи и маслени слики на платно претставени и изложени во Лапидариумот во музејот на отворено. Александра Кокотовиќ е современа уметница која својот талент го изразува преку сликарството, скулптура, цртежи и графика. Родена во Сараево, живее во Белгра, Дубаи, САД и живото на три континенти ја проширува нејзината перцепција и влијае на нејзиниот пристап кон уметноста. Член е на здружението на ликовни уметници на Србија и Босна и Херцеговина.