Одбележана годишнината од загинувањето на Диме Поп Атанасов Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   На 13 јули 2021 се навршија 80 години од загинувањето на Диме Поп Атанасов, 1917-1941. По тој повод во селото Горни Дисан- општина Неготино пред споменикот на Диме Поп Атанасов, обраќање пред присутните имаа Перо Стефанов и Атанас Најдов- претстедател на Сојузот на борци од општина Неготино. Воедно се положи свежо цвеќе во негова чест од:Сојузот на борци – Неготино, Сојуз на борци – Кавадарци, Сојуз на борци – Радовиш, претставници од локалната самоуправа од општина Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, од општинската организација на СДСМ од Неготино и Претставници од Општинската установа Музеј на град Неготино.