„Моја патрола“ достапна и на телефон, мејл и фејсбук страница Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

   Пријава и детектирање проблеми од страна на граѓаните кои се во ингеренции на локалната самоуправа, како и нивно решавање, е основната цел на проектот „Моја патрола“ кој веќе извесен период функционира на територијата на општина Неготино со поделба на градот на 3 реони и 4 реони во руралните средини. Вработени секојдневно се на терен близу до граѓаните и остваруваат директен контакт со нив, се со цел детектираните и пријавените проблеми да се решат во набрз временски рок. Со цел зауште поголема достапност, од денеска (11.04.) населението „Моја патрола“ може да ја контактира и телефонски на броевите 070-208-279 и 072-218-261 од 08,00 до 16,00 часот, мејлот This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и фејсбук-страницата Моја патрола.