Трибина на тема „ 150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ Печати
   Денеска, четврток 28 април, по повод јубилејот 150 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев во салата за состаноци на општина Неготино со почеток од 18,00 часот ќе се одржи трибина на која ќе се говори за улогата и значењето на Гоце Делчев како визионер, организатор на македонското револуционерно национално-ослободително движење и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација. Предвач на настанот ќе биде професорот по историја Блаже Лазовски и на истиот можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.