Во Музејот трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

 Општинската установа Музеј на град Неготино и Македонското археолошко друштво одржаа јавна трибина на тема: „Потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања“. На трибината учествуваа четириесеттина колеги од националните и локални музејски установи, установите за заштита на споменичното наследство, високообразовните и научните установи, Управата за заштита на културното наследство, како и самостојни истражувачи а на истата говореа проф. д-р Драги Митревски, д-р Силвана Блажевска, д-р Сања Ивановска Велкоска, д-р Христијан Талевски, Ване Секулов, м-р Билјана Јовановска. Од самиот настан произлегоа заклучоци за реалните проблеми со кои истражувачите се соочуваат и предлози за нивно решавање. Трибината имаше за цел да го поттикне надлежното министерство, во случајот Министерството за култура, за побрзо донесување на нов Правилник за археолошки истражувања, во чија изработка ќе бидат вклучени колегите археолози.