Јавен повик за свикување на Локално собрание на млади за формирање на Локален младински совет Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

Почитувани,

Во согласност со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов како советник во општината, по состанокот на иницијативниот одбор за свикување на Локален младински совет одржан на ден 28.04.2022 година  донесена е одлука за распишување на јавен повик за свикување на Локално собрание на млади за формирање на Локален младински совет.

Се повикуваат сите младински здруженија кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите предвидени со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, да се пријават на e-mail адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и ќе делегираат по 1 (еден) делегат од организација за во Локалното собрание на млади.

Пријавувањето трае најдоцна до 10ти мај, а седницата на Локалното собрание на млади ќе се одржи на 14 мај во 16.00 часот во салата на Општина Неготино.

Собранието на млади објавува јавен повик за членови за локалниот младински совет. Јавниот повик се објавува на веб - страницата на општина Неготино.

Собранието на млади избира членови на локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

За избрани членови на локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

Локалното собрание на млади делегира и избира членови на Локалниот младински совет по објавен јавен повик од страна на истото собрание.

Бројот на членови во Локалниот младински совет на општина Неготино изнесува 5 (пет).  

О Д Л У К А - ЛМС