Ј А В Е Н П О В И К за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди/електрични тротинети за 2022 година Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.


О П Ш Т И Н А  Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година, објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди/електрични тротинети за 2022 година

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Неготино, со цел да ги стимулира жителите на Неготино за користење на велосипеди/електрични тротинети, а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед/електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик а најдоцна до 31.05.2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност и електричен тротинет.

1.2. Средствата што Општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со платен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на електричниот тротинет но не повеќе од 6.000,00 денари. За набавка на адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност општината ќе субвенционира 50% од вредноста, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со платен персонален данок на доход.

1.3. Средствата што се превидени во Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од буџетска програма L00.

1.4.  Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“ , до исцрпување на вкупно предвидените средства, а најдоцна до 31.05.2022 година.
2.  Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Неготино кои ќе купат велосипед/електричен тротинет од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.05.2022 година и кои ќе ги исполнат условите од овој Јавен повик.

3.  Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

-    да е жител на општина Неготино,

-    велосипедот да го купи од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на Јавниот повик (31.05.2022 година), доколку средствата не бидат претходно исцрпени.

-    да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).

4.  Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Неготино треба да достави:
- барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Неготино или на веб страната на општина Неготино),
- доказ за жителство во општина Неготино, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, односно родител/старател на малолетно лице со телесна инвалидност,
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик, односно денот на исцрпување на предвидените средства.
- потврда дека велосипедот е адаптиран за потребите на барателот - лице со телесна инвалидност, со спецификација за видот на извршената адаптација,
- решение за видот и степенот на телесна инвалидност издадено од надлежен орган.
Документи од алинеја 5 и 6 приложуваат барателите кои аплицираат за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на адаптиран велосипед.

4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед/електричен тротинет.

4.3. Лица од исто потесно семејство и лица кои живеат на иста адреса не можат истовремено да добијат надоместок за велосипед/електричен тротинет на објавениот јавен повик.

4.4. Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед/електричен тротинет заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или лично во архивата на општина Неготино.

4.5. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед/електричен тротинет - Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед“

4.6. Архивата на општина Неготино примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.  Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира комисија и тоа: Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед.

5.2. Општина Неготино, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.05.2022 година.

5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства пред крајниот рок (31.05.2022), општина Неготино ќе објави завршување на Јавниот повик преку својата веб страна.

5.5. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решенија за исплата на средствата.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1. Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства за барателите кои ги исполниле критериумите, согласно Јавниот повик.

6.2. Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува условите согласно Јавниот повик.

Б А Р А Њ Е

И З Ј А В А