Изложба под наслов „Кружни емоции“ Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

  На ден 03.05.2022 (вторник) во 19.00 часот во Музеј на град Неготино беше отворена ликовната изложба под наслов „Кружни емоции“ на ликовната уметница Петра Јовановска со нејзините гости од Р. Чешка, уметниците Вит Павлик и Теодор Бузу. На изложбата свое обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино, г-дин Горан Стојанов, а свечено ја отвори заменик амбасадорот на Р.Чешка во РМакедонија, Лубомир Пшенка. Свое обраќање и поздрав имаа и чешките уметници Вит Павлик, воедно и градоначалник на Волари, Р.Чешка и уметницата Петра Јовановска. Настанот беше збогатен со изведба на композиции од чешкиот композитор Антониј Дворжак како поздрав до чешките гости, од страна на Емилија Кабранова Филипова-пијано и Силвана Чулева Атанасова-флејта. Гостите беа презадоволни од пречекот во општина Неготино а посетителите разгледувајќи ги нивните дела, го искористија нивното присуство за понатамошна дружба во дворот на музејот.

Чешките уметници имаат зад себе големо ликовно искуство, имаат реализирано голем број самостојни и групни ликовни изложби, добитници се на голем број награди, и самите се организатори на меѓународни проекти, симпозиуми во областа на визуелни уметности.
Петра Јовановска е родена 1972 год. во Р.Чешка, има завршено Ф.Л.У. во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координатор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 52 самостојни изложби, голем број од нив во своја организација. Има учествувано во над 300 групни изложби, добитнк е на бројни награди, има учествувно на многубројни ликовни симпозиуми, колонии.

 Вит Павлик, роден 1976 год., има завршено Јужночешки универзитет. Директор и професор е во Уметничка школа во Волари, претседател на здружението АЈВ. Има реализирано голем број на самостојни и групни изложби во Р.Чешка, Германија, Франција, САД и др. Се занимава со сликарство, цртеж и фотографија. Добитник е на број награди во Р.Чешка и Германија.
 Теодор Бузу, роден 1960 год, има завршено Академија за уметности и дизајн. До сега има реализирано 96 самостојни изложби, и има земено учество во над 120 групни иложби. Добитник е на многубројни награди во Р. Чешка, Германија, Молдавија, Словачка. Учесник е на голем број меѓународни ликовни симпозиуми и колонии. Работи како професор во уметничка школа во Табор, Р. Чешка.