Трибина за зголемување на безбедноста во сообраќајот во општина Неготино Print
There are no translations available.

   Во големата сала на општина Неготино се одржа првата од повеќето планирани трибини на која се разговараше за безбедноста во сообраќајот на територијата на нашата општина и мерките и активностите што би требало да се преземат за итно подобрување на истата. На трибината, пред се, приоритет се даде на детектирање на присутните проблеми и за возачите и за пешаците, а од страна на претставник на ОВР Неготино беа презентирани активностите што тие ги преземаат во рамките на контролите што ги спроведуваат на терен и мерките со кои се санкционираат прекршителите. Стана збор и за потребата од зголемување на бројот на нови паркинг места што ќе се случи наскоро, но пред се потребно е подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот бидејќи секој граѓанин треба да тргне од себе за сите заедно да бидеме побезбедни. Се заклучи најпрво да се направи обид преку едукација да се подигне јавната свест, а доколку и тоа не вроди со плод, ќе се изрекуваат санкции.