ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА НАЦИОНАЛНИОТ ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ ВО Р. МАКЕДОНИЈА Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   ДЕЛНИЦАТА 1 ОД ГАСОВОДОТ ОД КЛЕЧОВЦЕ ДО НЕГОТИНО СО КРАК ДО ТЕРМОЕЛКЕТРИЧНАТА ЦЕНТРАЛА ПРЕТСТАВУВА ДЕЛ ОД КОМПЛЕКСНИОТ ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ВОСПОСТАВИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛА ДРЖАВА И СО КОЈ ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ РАЗВОЈ НА ПОСТОЕЧКАТА ГАСНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПЕРИОДОТ 2010-2040-ТА ГОДИНА.  СО ТОА, ПРАКТИЧНО СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРЕПОРАКИТЕ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ГО ДЕФИНИРА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО ДРЖАВАТА СО ЦЕЛ ОБЕБЗБЕДУВАЊЕ СИГУРНО И КВАЛИТЕТНО СНАБДУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО ЕНЕРГИЈА.  А ТОКМУ ВО СТРАТЕГИЈАТА ОСОБЕНО ВНИМАНИЕ СЕ ПОСВЕТУВА НА ПОИНТЕНЗИВНАТА ЗАМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА СО ПРИРОДЕН ГАС- БЕШЕ РЕЧЕНО НА ДЕНЕШНАТА ЈАВНА РАСПРАВА НА КОЈА ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВАТА ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАА СТУДИЈАТА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ПРОЕКТОТ ,, НАЦИОНАЛЕН ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ДЕЛНИЦАТА ОД КЛЕЧОВЦЕ ДО НЕГОТИНО СО КРАК ДО ТЕРМОЕЛЕКТРИЧНАТА ЦЕНТРАЛА НЕГОТИНО.

ИНАКУ, ГАСОВОДНАТА ДЕЛНИЦА ОД КЛЕЧОВЦЕ ДО НЕГОТИНО Е СО ДОЛЖИНА ОД 97 КИЛОМЕТРИ, А КРАКОТ ОД НЕГОТИНО ДО ТЕРМОЕЛЕКТРИЧНАТА ЦЕНТРАЛА Е ДОЛГ БЛИЗУ 5 КИЛОМЕТРИ.  ТРАСАТА ЗАПОЧНУВА ОД ПРИКЛУЧОКОТ НА ПОСТОЕЧКИОТ ГАСОВОД ДЕВЕ БАИР СКОПЈЕ И ЗАВРШУВА ВО НЕГОТИНО КАЈ ОПРЕДЕЛЕНАТА ПРИКЛУЧНА ТОЧКА СО МРЕЖАТА ЗА ПРЕНОС НА ГАСОТ ЗА СОСЕДНАТА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ.