ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ КОЊАНОВСКИ СО НАЈАВА ЗА ИЗГРАДБА НА ОТКУПЕН ЦЕНТАР И НОВИ ВИНАРИИ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Имајќи предвид дека општина Неготино важи за претежно земјоделски крај со доминација на површините со лозови насади, но и со застапеност на други култури, се јавува потребата од отворање на капацитет за собирање, складирање и дистрибуција на земјоделските производи. А токму на последната трибина одржана со претставниците на земјоделските здруженија и индивидуалните земјоделци, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски најави дека на ова подрачје е планирана изградба на нов откупно-дистрибутивен центар, се разбира во соработка и координација на активностите со локалната самоуправа, како и изградба на нови винарии за што од страна на државата на продажба се огласени 20 локации, од кои 5 се веќе продадени. Според Коњановски, зголемениот број на винарски визби на ова подрачје ќе придонесе за создавање поголеми можности за пласман на произведеното грозје, а аналогно на тоа и потенцијаално постигнување повисока откупна цена на предадениот род. Според градоначалникот Трајков, општината ги има преземено сите активности за што е избрана и локација во атарот на с. Црвени Брегови која е со површина од 30 хектари, на која, покрај откупно-дистрибутивниот центар, се планира изградба и на други капацитети од лесната и незагадувачка индустрија.