ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВ ГИ ПРИМИ ДРЖАВНИТЕ ШАМПИОНИ ВО ШАХ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Одличен успех на младите шахисти на ГШК ,, Неготино ,, на неодамна одржаното државно првенство  во шах. Во женска конкуренција на возраст до 12 години Ана Петрова го освои првото место и стана државен шампион, а истиот успех со освојувањето на првото место го оствари и Тони Лазов во машка конкуренција на возраст до 12 години. Со овие извонредни постигнувања, двајцата се стекнаа со право да учествуваат на Светското првенство во шах кое од 9 до 17 ноември, оваа година, ќе се одржи во Марибор-Словенија. Солиден успех постигна и Димитар Аврамов кој на Државното првенство во шах во машка конкуренција на возраст до 16 години беше третопласиран. Успесите на младите шахисти беа повод градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков да организира прием за нив, нивниот ментор велемајсторот Трајче Недев и родителите кој го искористи да се запознае со нивните резултати и да им честита на остварените постигнувањата. Притоа, градоначалникот Трајков истакна дека во рамките на расположливите финансиски можности, локалната самоуправа ќе го помогне нивното заминување на Светското шаховско првенство, од каде што исто така се очекуваат пријатни вести за нови големи успеси на младите неготински шахисти, иако и самиот настап на едно Светско првенство е успех за кој сонуваат сите спортисти.