НЕГОТИНКАТА ПЕПИЦА СТОЈКОВА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ИЗБОРОТ ЗА МИС НА СВЕТОТ ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН СЛУХ И ГОВОР Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков организираше прием за неготинката Пепица Стојкова ( 21 година ) која ќе биде претставник на Република Македонија на престојниот избор на Мис на светот за лица со оштетен слух и говор. Ова престижно натпреварување на кое ќе учествуваат девојки на возраст од 17 до 28 години од целиот свет секоја година се одржува во Прага – Република Чешка, а Македонскиот национален сојуз на глуви и наглуви лица континуирано поднесува апликации за учество и девојки од земјава ја претставуваат државата на изборот на Мис на светот. Според зборовите на Славица Тотова- секретар на Здружението за подрачјето на Тиквешијата, изборот во Чешка започнува на 1-ви и ќе трае до 10-ти јули, оваа година. Сите присутни на средбата и посакаа среќа и успех на Пепица на престојниот настап, а членовите на семејството Стојкови упатија јавна благодарност до градоначалникот Трајков за доделената скромна финансиска помош како поддршка за учеството на Пепица на изборот на Мис на светот, средства кои како што самата истакна, ги употребила за набавка на неколку парчиња гардероба со цел за што е можно подостојно претставување на Неготино и на Република Македонија на ова натпреварување.