АСФАЛТИРАНА УЛИЦА ВО ТИМЈАНИК ВО ДОЛЖИНА ОД 220 МЕТРИ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Во рамките на реализацијата на годишната Програма за работа на локалната самоуправа, а со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино во висина од  1.700.000 денари, се изврши комплетна реконструкција и асфалтирање на уште една многу значајна улица во населбата Тимјаник. Станува збор за улица која се спојува со централното подрачје на населбата, кое исто така е во завршна фаза на уредување, за која стручните служби од областа на урбанизмот имаа оценето дека треба да добие приоритет при асфалтирањето. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој на лице место го следеше изведувањето на работите од страна на градежната фрима ,, Стојменов ,, од Кочани, асфалтираната улца е со должина од 220 метри, односно со асфалтерските работи комплетно е уредена површина од 1.100 метри квадратни, со паралелно поставување на бетонски рабници. Месното население кое живее во станбените објекти долж улицата не го криеше задоволството што после долги години и тие ќе можат да се движат по современо асфалтирана улица, а газењето кал за нив веќе е само непријатно минато.