РИБОЛОВЕН НАТПРЕВАР ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 8-МИ НОЕМВРИ Print
There are no translations available.

   Риболовци од 7 Спортски риболовни друштва од Република Македонија зедоа учество на традиционалниот натпревар што секоја година во пресрет на 8-ми ноември - празникот на општината се организира во Неготино. Натпреварувачкиот дел се реализираше во водите на реката Вардар каде што учесниците ги демонстрираа сопствените вештини во ловење на риба, додека официјалното прогласување на најуспешните се спроведе во конаците на манастирот Свети Ѓорѓи во близина на Неготино. Како што информираше потпретседателот на неготинското риболовно друштво Драги Нацев во екипна конкуренција најдобри резултати постигнале риболовците од СРД Дошница од Демир Капија, додека во поединечна конкуренцијата за најдобар рибар беше прогласен Ѓорѓи Стоевски од Демир Капија. Општина Неготино за најуспешните обезбеди дипломи и награди кои на учесниците им ги врачи градоначалникот Ванчо Апостолов.