ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ППЕ - НЕГОТИНО Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Врз основа на соработката што локалната самоуправа Неготино ја воспостави со невладината организација ,, Операција флоријан ,, од  Англија која е специјализирана за противпожарна и спасувачка служба, за потребите на Територијалната противпожарна единица од нашиот град е обезбедено функционално противпожарно возило, со што возниот парк се зголеми на 4 вакви возила кои во секој момент се подготвени за интервенција. На чинот на примопредавањето присуствуваше  градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ја искористи можноста да го запознае возилото и неговите карактеристики, а наедно присуствуваше и ја следеше и обуката што специјално обучени стручни лица од Англија ја изведуваа за доусовршување на неготинските пожарникари.