13 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛОТ КОСТЕ ВОЛКАНОСКИ Печати

   Во кругот на Полициската станица во Неготино, денеска беше одбележана 13-годишнината од загинувањето на бранителот Косте Волкански кој трагично го загуби животот бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија во воениот конфликт од 2001 година. Членовите на најтесното семејство на Волканоски, делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Ванчо Апостолов, колеги полицајци, претставници на Полицискиот синдикат, на Армијата на РМ, Здружението на бранители, делегации на политички партии и други граѓани со полгање на свежо цвеќе на спомен бистата подигната во чест на Волканоски  му оддадоа почит на загинатиот бранител. Претседателот на полицискиот синдикат Диме Михаилов истакна дека не смее да се дозволи иднината да ги избрише спомените на Косте, а токму за таа цел беа организирани 4-тата по ред крводарителска акција и 8-иот по ред меморијален турнир во фудбал.