ТРКАЛЕЗНА МАСА ,, КОН ПОТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ,, Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Во организација на ЗЕЛС и со финансиска поддршка од УСАИД во општина Неготино започна да се спроведува проектот ,, Транспарентна општина ,, во чии рамки во просториите на ТИЦ ,, Желкова куќа ,, се одржа тркалезна маса на која се дискутираше за актуелните состојби на овој план. Овој проект предходно беше спроведен во 10 општини во земјава, а во втората фаза меѓу вклучените 12 општини е и општина Неготино. Краток вовед за проектот, целта и значењето на тркалезната маса имаше Ирена Николова од ЗЕЛС, експертот Зоран Јачев ги претстави фазите од проектот и направи пресек на генералната состојба во единиците на локалната самоуправа во однос на информирањето и вклученоста на граѓаните, додека за актуелните во општина Неготино излагање имаше градоначалникот Пане Трајков кој ја истакна подготвеноста за извршување на обврските на локалната самоуправа како сервис на граѓаните.

 Во рамките на тркалезната маса беа реализирани активности за утврдување на степенот на транспарентноста на општината и учеството на граѓаните, се изврши детектирање на ,, точките ,, кои треба да се унапредат, по што ќе следува изработка на Акционен план за отвореност на општините и вклучувањето на граѓаните во процесот на донесување на одлуките, како и изготвување на регулативи со кои ќе се регулираат тие процеси. Исто така, предвидено е истите тие правила да влезат во задолжителните процедури во општините, со единствена цел за полесно и поефективно извршување на обврските на општината како сервис на граѓаните.