Наскоро стартуваат градежните работи во Индустриската зона „Неготино“ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Најдоцна за 1 месец, според очекувањата на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, треба да започнат првите градежни работи во Индустриската зона „Неготино“ во близина на Црвени Брегови. Како што е општо познато, во изминатиот период локалната самоуправа благодарение на извонредната местоположба на зоната успеа да ги продаде сите парцели на површина од 25 хектари на кои е предвидена изградба на стопанско-индустриски капацитети од Г-2 лесна и незагадувачка индустрија- капаците со чие започнување со работа ќе се овозможи и вработување на невработени лица од општина Неготино, а можеби ќе се јави потреба и од вработување на лица и од соседните општини. Градоначалникот Апостолов потенцира дека огромниот интерес кој што беше присутен при купувањето на постоечките парцели, кај него поттикнува размислувања за проширување на оваа индустриска зона со нови парцели на површина од околу 20 хектари.