ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

   Општина Неготино во соработка и партнерство со Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, во рамките на одбележувањето на Денот на Европа, организираше панел – дискусија на тема ,, Европските стандарди за заштита на животната средина – управување со цврстиот отпад во Неготино ,,. Воведно обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој се осврна на фактичката состојба на теренот на ова подрачје, а свои излагања пред присутните имаа и Амбасадорот Ерван Фуере – Специјален претставник на ЕУ и Шеф на делегацијата на ЕУ во нашата земја, Билјана Јадровска од Секретаријатот за Европски прашања и професорот Мирко Трипуновски – претставник на Европското движење.

   Кога луѓето одат во природа, се што зад себе треба да оставаат се нивните стапки, а се останато треба да го понесат и остават на адекватно место за тоа-беше речено во дискусиите. Македонија има прекрасни природни убавини и сите треба да се погрижат во нив да уживаат и идните генерации – истакна амбасадорот Фуере. Според него, а по примерот на развиените земји, подобрување на состојбата со комуналниот цврст отпад е возможно со отворање на регионални депонии каде истиот би се складирал. Градоначалникот Трајков потенцираше дека општината е заинтересирана да се вклучи во проект за изградба на регионална депонија преку заеднички проект кој би се реализирал во рамките на активностите на Вардарскиот плански регион. Според зборовите на Јадровска, почитувањето на законодавството за контрола на загадувањето на животната средина ќе придонесе да се спречи трошењето финансии за санирање на одредени состојби и додаде дека Македонија ќе мора да инкорпорира околу 300 правни акти пред да стане земја – членка на Европската унија.