РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ,, МРЕЖА ЗА КУЛТУРА, СПОРТ И ТУРИЗАМ ,, Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

  Во периодот од 05 до 08 мај во општина Неготино се реализираше проектот ,, Мрежа за култура, спорт и туризам ,, кој е финансиран од  програмата ,, Европа за граѓаните 2007 – 2013 г.,, и тоа мерка 1 – Активни граѓани за Европа и подмерка 1.2. – Мерка на збратимени градови во кој општина Неготино е еден од партнерите на општина Попово – Република Бугарија. Во спроведувањето на проектот учество зедоа над 80 учесници од партнерите општини – Камплунг – Романија, општините Попово и Две Могили – Бугарија, Повијат Трзбеницки – Полска, општина Берово – Македонија, како и 30 – тина учесници од општината домаќин – Неготино.
Во рамките на проектот се одржа трибина на тема ,, Капацитетот на проширување на Европската Унија и европските интеграции на Македонија и на земјите од Западен Балкан ,,. Исто така, се организираше и форум на кој се говореше за ,, Европските вредности ,, како и тркалезна маса на тема ,, Влијанието на политиките на Европската Унија во општеството на општинско ниво ,,. Преку говор и видео-презентација градоначалникот Пане Трајков ги запозна гостите – учесници со личната карта на општина Неготино, а преку спроведувањето на агендата за реализација на проектот, тие и со директни посети можеа да се запознаат со културните, спортските и туристичките капацитети со кои располага општина Неготино.
     Инаку, главната цел на проектот е развивање на тематски соработки кои ќе траат долго помеѓу општина Попово и збратимените градови преку креирање мрежа за култура, спорт и туризам, а временската рамка на проектот е 18 месеци и истиот ќе трае до 23-ти септември 2011 година.